За нас

Гоинвест

Гоинвест дооел Скопје е архитектонско-градежна компанија, основана во 2002 год. од д.г.и.Вељко Лазарески, која поседува лиценци Б-градби од II категорија за проектирање, изведба и надзор. Дејноста со која се занимава компанијата се состои од проектирање на ентериерни и екстериерни решенија, изведба и надзор на секаков вид објекти.
Гоинвест нуди архитектонски и инженерски услуги, пропратени со сите потребни фази од почеток до крај, како градежно-конструктивна, фаза електрика, водовод и канализација, машинство-греење и ладење, климатизација и вентилација, како и енергоефективни решенија.
Нашата мисија е да обезбедиме квалитетно и модерно живеење во чекор со најновите трендови. Преку долгогодишното работно искуство со различни видови на клиенти, остварувајќи ги нивните соништа, потреби и очекувања во функционална и елегантна форма докажавме дека професионалниот пристап и посветеноста на нашиот тим кон клиентите се клучни за успехот кој го постигнуваме.
Главен акцент ставаме на комуникацијата со клиентот, разбирање на неговите потреби и решавање на проблемите преку методи на знаење и истражување. Создаваме практични, рационални и уникатни архитектонски решенија кои низ целиот процес на градење ги задоволуваат очекувањата и буџетските барања на клиентот.
Контактирајте не, ние ги имаме одговорите на сите ваши дилеми. Нашиот тим го сочинуваат врвни дипломирани градежни инженери и архитекти со овластувања Б категорија за проектирање, изведба и надзор на објектите.

FSS_2248
FSS_2785

нашите клиенти